Зошто треба да користите Озонска терапија за бројни здравствени проблеми?

Зошто треба да користите Озонска терапија за бројни здравствени проблеми?

Општо познат факт е дека озонската обвивка што се наоѓа во горните слоеви на атмосферата го штити живиот свет на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација. Но, малку познато е дека озонот штити и од различни болести и штетни состојби во организмот, па честопати се користи и во медицински цели.

Главни придобивки од Gold Ozone

Зголемување на имунитетот, забрзување на циркулацијата, одложување на процесот на стареење, намалување на стресот и на хроничниот замор, подобрување на концентрацијата се само дел од придобивките од користењето на озонот. Истовремено, овој гас е и природен антибиотик кој за кратко време ги уништува упорните вируси, бактерии и габички. Озонот уште се нарекува и чудотворен борец против овие бактерии и вируси со оглед на тоа дека различни медицински истражувања спроведени во изминатите години покажаа дека тој е природен антибиотик кој за многу кратко време и многу поефективно ги уништува и најупорните „штетници“ во организмот.

Резултатите од истражувањата покажуваат дека личностите чиј организам е потхранет со озон имаат подобар имунитет, поубав тен и многу поведро расположение. Студиите на различни германски и руски лекари потврдија дека озонот во голема мера го зајакнува имуниот систем и енергетскиот потенцијал на организмот.

Понатаму, постојат различни комори и шатори со озон, како и озонски сауни во кои овој гас се апсорбира преку порите на телото. Друг метод е земање на крв од пациентите која во специјална постапка се збогатува со озон и повторно се враќа во телото на луѓето.

Поголемиот дел од овие методи се покомплицирани и се одвиваат во специјални установи сертифицирани за вакви постапки. Поради тоа, се смета дека наједноставен метод за внесување на озон е орално конзумирање на озонирана вода или пак капсули збогатени со озон.

комерцијална објава