Зошто треба да користе озонирани производи?

Зошто треба да користе озонирани производи?
10.04.19   15:35

Прочитано : 680

Print This Article

Придобивките од терапијата со озон стануваат препознатливи и прочуени насекаде во светот. Голем број научници ги истакнуваат антибактерицидните, антивирусните, антигливичните, антиоксидативните и имуностимулативните дејства на озонската терапија. Но, што ако истите својства можете да ги добиете во Вашиот дом, без одење на скапи третмани, туку со употреба на креми со озонирано маслиново масло. Уникатна и 100% природна формула која е сега достапна и кај нас.

За да се произведе квалитетен производ потребно е знаење, квалитетни состојки и иновација. Процесот на производство на овие производи е целосно природен. Овие креми се добиваат со употреба на медицински озон врз висококвалитетно extra virgin ладно цедено маслиново масло со нула ниво на киселост, кое природно преминува во крема. Оттука, кремите не содржат адитиви, хемикалии, средства за контрацепција или стабилизатори.
Придобивките на кремите со медицински озон се бројни. Тие ја забрзуваат циркулацијата на крвта преку дезинфекција на површината на кожата, а заради високата количина на кислород, помагаат и за брза регенерација на клетките.

Озонираната крема за обновување со 160mg ОЗОН, OZONE Gold Cream има многу повисока концентрација на озон што ја прави одлична како помошен производ за брза обнова на вашата кожа. Најефикасна е при црвенило на кожата предизвикано од иритација, набиеници, акни и мозолчиња, лузни од акни, повреди од изгореници, хемороиди, испукани пети, рани на кожата, дамки, дијабетични рани, инфекции кои се појавуваат на кожата, постоперативен белег или рани од долго лежење.

Озонираната крема против болка OZONE Gold FIX CREAM е зајакната со природни масла и стапува во интеракција со супстанците кои предизвикуваат болка на два начини – краткотрајно создава ефект на смирување заради оксидација на био-молекулите; и долготрајно, преку антиоксидантно дејство, го стимулира природниот морфински систем, намалувајќи ја болката и подобрувајќи ги рефлексите на болка.

Освен озонирано маслиново масло содржи и масло од мајчина душица, рузмарин, главоцветници, пеперминт, црно семе, нане, камфор, еукалиптус, бадем, каранфилче, палисандрово дрво и ѓумбир. Најчесто се користи за мигрена, синуси, главоболка предизвикана од стрес, ревматска болка, болки во коленото, зглобовите и коските, болка од истекнување, удар, помодрување на мускулите и модризи, болки во половината и вратот, болка од проширени вени, менструални болки и колит, болки во рамото и раката, болка во градите, недостаток на калциум.

комерцијална објава

  Категории: