Зоран Василевски нападнат од асистентката на Елена Ристеска: Ме фати за врат, инцидентот го пријавив во полиција

Зоран Василевски нападнат од асистентката на Елена Ристеска: Ме фати за врат, инцидентот го пријавив во полиција
14.12.18   22:40

Прочитано : 2,648

Print This Article

Eстрадниот новинар Зоран Василевски од 1ТВ беше нападнат пред познат скопски ресторан од асистентката на Елена Ристеска – Елеонора Неделковска. Повикната е полиција и се очекува расчистување на случајот.

„Сакавме да ја снимаме Елена Ристеска пред еден познат скопски ресторан, но бевме нападнати од асистентката на пејачката. Прво го нападна снимателот, па потоа и мене. На колегата му ја бутна камерата, а мене ме фати за врат. Не навредуваше со најпогрдни зборови, а Ристеска само седеше во ресторанот и набљудуваше. Веднаш се јавив во полиција за да го пријавам инцидентот и оставам на надлежните институции да го расчистат случајот“, изјави Василевски.

  Категории: