ЗК Пелагонија: Компаниите на фамилијата Панделески работат законски со цел да обезбедат што повеќе работни места

ЗК Пелагонија: Компаниите на фамилијата Панделески работат законски со цел да обезбедат што повеќе работни места
9.11.18   16:14

Прочитано : 1,922

Print This Article
loading...
loading...

После Орка Холдинг, соопштение за истрагата на СЈО, „Империја“ испрати и ЗК Пелагонија во името на осомничениот Цветан Панделески. Ви го пренесуваме во целост:

По повод денешните наслови и текстови низ македонските медиуми, а во врска со новоотвореното обвинение на СЈО под наслов „Империја“ во прилог на мејлот ја испраќам изјавата на Цветан Панделески, сопственик и партнер на дел од фирмите споменати во обвинението.

„Компаниите кои што се во сопственост на фамилијата Панделески, и во минатото и денес работат според позитивните законски прописи во државата. Под полна одговорност тврдам дека нема никакво криминално работење во нашите напори, во услови во какви што се наоѓаме како држава, да обезбедиме што поголем број работни места за македонските семејства. Односот на нашите компании кон македонските државни институции и пред се пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност. “ – се вели во изјавата на Цветан Панделески.

Благодарни на отстапениот простор,

Со почит,

ЗК Пелагонија АД Битола

  Категории: