(ВИДЕО) Зибери скептичен за законот за ЈО: Многу членови на ВМРО-ДПМНЕ се под истрага на СЈО

(ВИДЕО) Зибери скептичен за законот за ЈО: Многу членови на ВМРО-ДПМНЕ се под истрага на СЈО
13.09.19   21:56

Прочитано : 403

Print This Article

„Јас сум скептичен дека може да се изнајде договор за измени во Законот за Јавното обвинителство, со кој се уредува и статусот на СЈО. Да не беше СЈО, без сомнение дека законот за ЈО досега ќе беше усвоен.

-Но, фактот што со предложените измени во законот за ЈО, се настојува да се уреди и статусот на СЈО, ја оневозможува оваа мисија и тоа поради тоа што еден од одлучувачките фактори за промена на законот, ВМРО-ДПМНЕ, директно е тангиран од статусот и функционирањето на СЈО.

-Голем број актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се под истрага на СЈО. Се обидуваат по секоја цена СЈО како такво да се распадне, односно да се затворат предметите кои се водат против нив и да се „стави капак“ на оваа работа.

-Секако останува надежта дека двајцата лидери ќе се сретнат уште еднаш, но целосно сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја запечати својата судбина, поддржувајќи го законот со кој ќе се одреди и статусот на СЈО“, изјави Зибери во емисијата #10МИНУТИ на ТВ21.

  Категории: