Жолтите комбиња“ во опасен свиок!

Жолтите комбиња“ во опасен свиок!
12.06.19   09:00

Прочитано : 1,369

Print This Article

Малку ми се чини очајнички обидот во судењето за масовното прислушување повторно да се инсистира на тезата дека, оние за кои обвинението тврди дека го нарачале, го организирале и ги злоупотребувале нелегално добиените снимки, биле и самите, всушност, жртви на прислушување од „некој трет“, мистичен разузнавачки фактор! Така пишувало во извештајот подготвен од некоја израелска фирма, извештај што тие самите го нарачале и го платиле…

Памтите: приказната за „жолтите комбиња“?

Тоа аматерско сценарио се распадна уште истата вечер кога, своевремено, драматично го соопшти на прес-конференција Груевски, а потоа отидоа да го апсат Заев… Денеска знаеме каде е Груевски, каде се оние двајца началници од УБК во Грција, каде е Заев, а каде се оние обвинетите кои не успеаја да побегнат од Македонија.

Нема ли некој да го подучи Мијалков дека многу подобра стратегија во неговата одбрана би била обидот да докаже дека токму пребеганите, на чело со Грујо, а не тој, ја нарачале и ја спровеле целата операција за масовното незаконско прислушување? Во тој обид за соработка со правдата гледам поголем маневарски простор за обвинетите, ослободени од моралните обврски кон пребеганите кои ги оставија овие во Скопје „на цедило“. Ако така ја постават својата стратегија, и не би морале МНОГУ да лажат. Има многу точни детали и автентични анегдоти што, во своја одбрана, може да ги раскаже главно-обвинетиот кои ни обвинителите, веројатно, не ги знаат.

Од друга страна, на „резервното тркало“ на една нова теорија за „жолти комбиња“ деновиве се гради обидот да се дискредитира СЈО и самата Катица Јанева. Се раскажуваат прикаски за наводни рекети кои треба да ги доведат озборувањата до зацртаната цел во јавноста да се создаде впечаток дека и обвинетите за тешки кривични дела и оние кои ги подигнуваат или кои судат по тие обвиненија, се исти, и дека обвинетите се, всушност, помалку „исти“, бидејќи се недолжни жртви на корумпираниот македонски судски систем кому – следи уште едно појако всушност – треба да му се суди, а не на овие кои се обвинети! Чиста дедукција

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

  Категории: