Живаљевиќ: Човекот со амблем на ХОС, Игор Југ, требаше да го убие Заев

Живаљевиќ: Човекот со амблем на ХОС, Игор Југ, требаше да го убие Заев
12.09.17   19:56

Прочитано : 8,739

Print This Article

Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ кажа дека сите служби присутни во Македонија ги знаат по имиња сите оние десетмина луѓе под маски кои упаднаа во Собранието на 27 април и, како што рече тој, по некои информации, Игор Југ, човекот со шаховница на маицата на фотографиите, требало да го убие Зоран Заев. Живаљевиќ зборуваше за случувањата на 27 април во интервју за српската телевизија „Хепи“.

„Гледај чудо, ако се сеќавате на оние фотографии од оние луѓе кои упаѓаат со маски и ги тепаат Заев и останатите пратеници се наоѓа човек до амблем на ХОС, Хрватски оружени сили, Игор Југ, за кого ако внимателно ја гледате снимката, цело време при упадот ја држеше раката зад грб. Не сакам сега да калкулирам дали носел оружје или не, по некои информации тој беше човекот кој требаше да го убие Зоран Заев. Тој носеше шаховница на маицата. Јас не видов по македонските медиуми дали тој човек е уапсен или каде се наоѓа. Македонските служби, сите служби присутни во Македонија, ги знаат по имиња сите оние десетмина луѓе под маски“, изјави Живаљевиќ во интервјуто.

„Македонските служби, сите служби присутни во Македонија, ги знаат по имиња сите оние десетмина луѓе под маски“, изјави Живаљевиќ во интервјуто за Хепи ТВ. – Маскиран напаѓач во Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

Претставникот на БИА во српската амбасада Живаљевиќ беше во Собранието за време на организираниот напад на 27 април, но вели дека бил таму по работа и со дозвола од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Истото го кажа и српскиот претседател Александар Вучиќ по кусото повлекување на персоналот од српската амбасада во Скопје. Од Кабинетот на Иванов велат дека ќе почекаат Јавното обвинителство да го расчисти 27 април.

 

  Категории: