Жители на Стокхолм со „жив ѕид“ околу џамија за време на молитва (Видео)

Жители на Стокхолм со „жив ѕид“ околу џамија за време на молитва (Видео)
23.03.19   15:14

Прочитано : 4,818

Print This Article
За да обезбедат непречен џума намаз, муслиманска молитва во петок напладне, жителите на Стокхолм направија обрач околу џамијата во главниот град на Шведска и останаа до крај на обредот.

Ширум светот и натаму траат реакции по минатонеделниот терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во кои животот го загубија 50 лица и повеќе десетици муслимански верници беа повредени.

Затоа и собирот на голем број на граѓани пред џамијата во Стокхолм кои го обиколија објектот за да овозможат непречено џума намаз, пренесува агенцијата „Анадолија“. Дел од „живиот ѕид“ беше и Аманда Линд, министерка за култура на Шведска.

„Пресреќна сум што гледам толку многу луѓе овде“, рече Линд.

Шведската министерка за култура исто така истакна дека целта на собирот и изразување на став против против терористичките напади во Нов Зеланд, но и против секаков вид на насилство, на расизам и исламофобија.

„Се противиме на секаков напад во општеството“, додаде Линд.

Граѓаните на Стокхолм не го растурија обраќот се додека траеше молитвата. По завршување на џума намаз, претставници на Исламската заедница ги почестија насобраните граѓани со кафе, вода и урми и изразија благодарност за поддршката.

  Категории: