“Жените во црно” бараат државниот врв на Србија да го признае геноцидот во Сребреница

“Жените во црно” бараат државниот врв на Србија да го признае геноцидот во Сребреница
11.07.19   12:40

Прочитано : 357

Print This Article

По повод 24-годишнината од геноцидот во Сребреница, членките на организацијата “Жени во црно” во Белград одржаа улична акција под слоганот “Никогаш нема да го заборавиме геноцидот во Сребреница”. На  Бранковиот мост развија голем транспарент со овој слоган, но и транспарент на која беше напишано “Солидарност”, а потоа продолжија со акцијата на Фрушкогорска.

Тие рекоа дека односот на властите кон настаните во Сребреница останува непроменет и побараа државното раководство на Србија да го признае како геноцид.

За време на акцијата во овој дел од Белград видливо беше зголемено присуство на голем број членови на Министерството за внатрешни работи, но немаше никакви инциденти.

Неколку невладини организации во четвртокот објавија неколку акции кои ја одбележуваат 24-годишнината од геноцидот во Сребреница – од палењето свеќи во Претседателството на Србија до претстава што ќе се организира во Коларац.

Овие невладини организации од претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ бараат 11 јули да биде прогласен за Ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница.

  Категории: