Жарко Луковски, сепак, не завршил работа со СЈО за „Базни станици“

Жарко Луковски, сепак, не завршил работа со СЈО за „Базни станици“

Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски, сепак, не успеал да си „купи“ затворање на истрагата во предметот „Базни станици“ на СЈО, како што Боки 13 го уверува Орце Камчев во еден од аудио-материјалите објавени од „Ла Верита“, пишува „360 Степени“.

Од СЈО велат дека истрагата под ова кодно име, иницирана во октомври 2018 година, се уште е отворена. Активности нема поради начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО е неовластен тужител во сите предмети за кои не е покренато обвинение до 30 јуни 2017 г.

Во „Базни станици“ Жарко Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата.

Повеќе на следниот линк.