Жалбата на Гордана Јанкулоска која ја спаси од одење во затвор, конечно денеска се најде на седница на Врховниот суд

Жалбата на Гордана Јанкулоска која ја спаси од одење во затвор, конечно денеска се најде на седница на Врховниот суд

Петчлениот кривичен совет на Врховниот суд денеска заседаваше по жалбата на осудената ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за злоупотребите при набавката на луксузниот мерцедес за Никола Груевски со наместен тендер, од парите на полицијата.

„На денешната седница судијата-известител го реферираше предметот. Беа изнесени сите забелешки на осудената, кои таа ги навела како основ за преиспитување на целата пресуда против неа. Во наредниот период петчлениот совет ќе донесе одлука во врска со барањето на странката“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Врховниот суд.