Зголемувањето на минималната плата негативно ќе влијае врз атрактивноста на Македонија за инвестирање, смета Делегација на германското стопанство

Зголемувањето на минималната плата негативно ќе влијае врз атрактивноста на Македонија за инвестирање, смета Делегација на германското стопанство
14.02.19   09:36

Прочитано : 119

Print This Article

Делегацијата на германското стопанство во Македонија смета дека новиот закон за зголемување на минималната плата ќе влијае негативно врз атрактивноста на Македонија како локација за инвестирање и дека компаниите ќе се соочат со дополнителни давачки што не се навремено предвиедени во нивните буџети.

Анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство во Македонија покажала дека 15 проценити од анкетираните компании зголемувањето во висина од 10 проценти е прифатливо, а 85 отсто сметале дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано за законското зголемување на минималната плата. Шеесет и пет проценти од анкетираните одговориле дека зголемување не е земено предвид во буџетот за 2019 година, имајќи предвид дека не биле навреме информирани.

-Добиените резултати од оваа анкета се од големо значење за понатамошните одлуки за даночна и финансиска политика што се води сега, но и во иднина во Македонија. На почетокот на оваа година се изгласа законот за зголемување на данокот на доход од 10 отсто на 18 отсто за примателите на плата повисока од 900 евра нето, доколку се донесе и законот за зголемување на минималната плата, повторно компаниите  ќе се соочат со дополнителни давачи што не се навремено предвидени во нивните буџети, наведуваат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Анкетатае спроведена меѓу македонски и странски компании што вршат индустриско производство. На прашањето колку од вработените добиваат минимална плата, 90 отсто од анкетираните компании одговориле дека само помеѓу еден и 10 отсто од вработените добиваат минимална плата, за 40 отсто од компаниите зголемување во висина од три до пет отсто е прифатливо.

  Категории: