Земјотрес во Грција, почувствуван и во реонот на Битола

Земјотрес во Грција, почувствуван и во реонот на Битола

– Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во северниот дел на Грција, кој бил почувствуван и од жителите на Битола и околината со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот, што се случил во 15 часот и 27 минути, бил на 125 километри јужно од Скопје, на грчка територија.