Зегин на терен со волонтери, механизација и донации во погодените подрачја

Зегин на терен со волонтери, механизација и донации во погодените подрачја
15.08.16   23:11

Прочитано : 340

Print This Article
loading...
loading...

Зегин со своите вработени и механизција излезе на терен и помогна на најпогодените од поплавите, известуват од компанијата.

zegin-1[1]

Механизацијата на Лозар и 150 вработени ги расчистуваат најпогодените улици и домови на погодените граѓани од Стајковци и Сингелиќ, каде неуморно им помагаат на секој дом кој има потреба од расчистување на шут.

Воедно Зегин постави своја лекарска екипа во пунктот, каде ги прегледува болните и бесплатно им дели лекови, витамини, средства за дезинфекција, вода. Зегин постави и своја екипа која од куќа на куќа оди и донира облека, чевли, маици, кошули, бебешки алишта, ќебиња.

Млекара Берово која е во групација Зегин, уште од првиот ден на граѓаните им донираше еден тон сирење.

Воедно инцираше хуманитарни пунктови пред продавницата Healthy Food BY Zegin Берово каде граѓани од општина Берово донираа пелени, облека, храна. Се донираа преку 2000 пакети вода со висока алкализација PH8.

-Материјалните добра нема да ги залепат раните од прептрпените загуби на нашите сограѓани,но се надеваме барем малку дека ке им олесниме во основите потреби на поплавените граѓани.Уште еднаш групацијата Зегин изразува сочуство до семејствата на загинатите Се надеваме дека овој хуман гест ке послужи како пример и за останатите големи компании ширум земјава да им помогнат на семејствата кои беа погодени од природната катастрофа, велат претставниците на Зегин.

Од групацијата Зегин, изјавуваат дека доколку е потребна доплнителна помош на поплавените граѓани слободно можат да се обратат до нивните служби.

  Категории: