Завршиле в затвор поради криумчарење свинска сперма

Завршиле в затвор поради криумчарење свинска сперма
14.08.19   13:47

Прочитано : 197

Print This Article

Торбен Соренсен и Хенинг Леј, врабтени во австралиската фарма за свињи – „ГД Порк“, се најдоа в затвор поради кршење на правилата за биолошка безбедност. Тоа се случувало во периодот од 2009 до 2017 година, соопшти австралиската министерка за земјоделство, Бриџит Меккензи.

Имено, двајцата фармери учествувале во незаконски увоз на свинска сперма, со што ја довеле политиката околу размножување на свињите во голема опасност, меѓу другото, и од болести однадвор.

Обвинетите ја признале вината. Соренсен, генералниот директор на компанијата, е осуден на три години затвор, а пак, Леј – одговорен за производниот погон, осуден е на две години.

Освен тоа, фирмата која сега е во ликвидација, е казнена со 500.000 австралиски долари (околу 300.000 евра).

  Категории: