Заврши вториот ден од собраниската расправа за ребалансот на Буџетот, обвинувања за инвестициите, „МојДВВ“, Скопје 2014…

Заврши вториот ден од собраниската расправа за ребалансот на Буџетот, обвинувања за инвестициите, „МојДВВ“, Скопје 2014…
8.10.19   18:06

Прочитано : 75

Print This Article

– Со реплики и контрареплики помина и вториот ден од дебатата во Собранието за ребалансот на Буџетот. Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата. Во попладневниот дел од расправата стана збор и за проектот „Скопје 2014“.

Пратениците од СДСМ оценија дека ребалансот на Буџетот е развоен и оти повеќе пари ќе се слеат кон граѓаните и кон бизнисот со што ќе се поттикне и раст на економијата. Според нив, сите показатели на меѓународните институции покажуваат дека државата добро напредува. За проектот „МојДДВ“ посочија дека и во времето на ВМРО-ДПМНЕ биле организирани наградни игри за да се подобри фискалната дисциплина и да се намали сивата економија.

– Оваа Влада се грижи за потребите на граѓаните. Се инвестира во надземната инфраструктура, во водоводи и канализации наместо во споменици од проектот „Скопје 2014“, порачаа пратениците од СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ, релабансот на Буџетот нема развојна компонента, а не се реализирани и капиталните инвестиции. Критики упатија дека се зголемува јавниот долг и оти се кратат средства во образованието, културата, инфраструктурата и животната средина.

– Ние континуирано одиме во пад на економијата, рече Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, според која предложениот ребаланс е еден од оние во кој грешно се пренасочени и алоцирани средствата.

Расправата продолжува утре, а според Деловникот за работа на Собранието, дебатата за ребалансот може да трае најмногу пет дена.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести