Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и „Охридско лето“ ја обновија сцената на Античкиот театар

Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и „Охридско лето“ ја обновија сцената на Античкиот театар
10.07.19   21:25

Прочитано : 239

Print This Article

Националната установа Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид и Националната установа „Охридско лето“  ја реконструира атрактивната сцена на Античкиот театар.

Станува збор за сцена со површина од 270 метри квадратни која поради дотраеност беше  во исклучително лоша состојба.

За ваквите зафати врз културно-историските добра е особено важна соработката, не само помеѓу институциите од областа на културата, туку и со Локалната самоуправа која, како што вели, излегува во пресрет преку ангажирање на јавните локални претпријатија.

На тој начин се придонесува, не само за  афирмација и промоција на нашето културно наследство, туку и за јакнење на јавната свест за неговите вредности и значење. Ваквиот начин на работа и воспоставување на соработка е многу е важен и за одржливиот развој.

-Ние како институција инвестираме, но со издавање на објектите, парите се враќаат назад и повторно ги користиме за одржување на објектите и локалитетите кои се под наша надлежност.Така, сите интервенции околу сцената,  платформите и скалилата на Античкиот театар  ги правиме со средства од сопствената сметка, поточно од сметката на нашата институција, вели ВД директорката на Завод и Музеј, Елеонора Новаковска.

Новата сцена на Античкиот театар, како што објаснува директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ ќе биде од исклучително значење за уметниците коишто настапуваат на овој археолошки локалитет, особено за отворањето на оваа најголема музичко-сценска манифестација во Македонија кое по традиција, секоја година, на 12 јули  се одвива токму на Античкиот театар.

-Реконструкцијата на сцената на Античкиот театар значи многу за нас, како национална установа која ги носи најзвучните светски имиња од светот на музиката и театарот. Ние, заедно со мегапопуларната британска виолинистка Ванеса Меј, ја имаме честа први да застанеме на обновената сцена на овој наш најголем археолошки локалитет.  Ванеса Меј на 12 јули на Античкиот театар ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ , вели директорката на НУ „Охридско лето“, вели Поповиќ.

Веле Митаноски

 

  Категории:
view more articles

Актуелно