Заштитете се од инфекции кои се добиваат во базен!

Заштитете се од инфекции кои се добиваат во базен!
8.07.19   19:05

Прочитано : 466

Print This Article

Отворените базени се потенционален извор на бактерии кои можат да доведат до сериозни инфекции. Доколку сакате да уживате во пливање на базен имајте ги во предвид следните работи:

Ако водата во базенот нема доволно хлор лесно може да стане извор на зарази. Исто така, доколку негата на телото по капењето во базен не е адекватна ќе дојде до сушење на кожата.

Преносители на зарази можат да бидат и валканите плочки и бетонот околу базенот поради несоодветната хигиена.

Лицата со чувствителна кожа би требало да користат средства за дезинфекција или да се тушираат веднаш поосле излегувањето од базен. Жените кои имаат вагинален секрет треба да ставаат тампон пред влегување во базен на тој начин се спречува понатамошното ширење на бактеријата, а истовремено го спречува и создавањето на нова инфекција. На овој начин жените покрај себе ги заштитуваат и останатите капачи.

Задолжително користете гел за интимна нега после пливањето во базен. Изберете гел без парабени кој ќе ја чисти и штити кожата на интимните места. Внимавајте на pH вредноста на козметиката за интимна нега, одберете средства кои ќе ја одржуваат природно киселата pH вредноста на интимната регија

 

комерцијална објава

извор: нашездравје

  Категории: