Запознајте го Зек, момчето што се откажало од модерната облека и носи само историска

Запознајте го Зек, момчето што се откажало од модерната облека и носи само историска
22.07.19   08:04

Прочитано : 693

Print This Article

Зек Мак Леод е 25-годишник од Бригтон кој одлучил дека модерната облека не e за него. Тој порано носел нормална облека, но го мразел секој момент од тоа, па затоа почнал да си креира историски костуми.

Тој на 14 години го запалил последниот пар фармерки и денес не поседува никаква модерна облека. Од тој ден па наваму, тој носи само историска облека каде и да оди.

Иако на многу луѓе ова им изгледа чудно, сепак тој цврсто верува во својот моден избор и не му сметаат коментарите што ги добива од луѓето. На крај, единствената работа која му е важна, е тој да се чувствува прекрасно во облеката која ја носи. Затоа и неговата самодоверба се зголемила откако почнал да го прави тоа.

 Со текот на времето, забележал и дека луѓето се прилично заинтересирани за ова што го прави, што дури и му плаќале, овозможувајќи ова негово хоби да прерасне во кариера.

Ова скромно момче прави облека од 1660-тите до 1920-тите години, каде што главниот фокус му е насочен кон Георгианскиот и Регентскиот период, добивајќи нарачки дури и од Америка.

  Категории: