Закони вратени од Иванов денеска на повторно гласање пред пратениците

Закони вратени од Иванов денеска на повторно гласање пред пратениците
16.05.19   10:25

Прочитано : 152

Print This Article

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба по трет пат да изгласаат неколку закони што претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во законодавниот дом.

Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен весник.

Новиот претседател Стево Пендаровски најави дека една од првите обврски по презмеањето на должноста ќе му биде да ги потпише законите кои неговиот претходник Иванов ги врати во Собранието.

На повторно, трето гласање, пред пратениците денеска се законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за инспекциски надзор, за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст, Законот за прекинување на бременоста и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

  Категории: