Број на објавени текстови денеска: 168

Захариева: Ќе биде историска грешка ако не почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија

Захариева: Ќе биде историска грешка ако не почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија
19.06.19   20:38

Прочитано : 245

Print This Article

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска истакна дека можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.

– Дали може да го добијат двете држави, не можам да бидам сигурна. Добрата вест е што не се разделуваат двете земји, како што сакаа некои земји од Европската Унија. Одлуката е, не подоцна од октомври Советот да се врати кон разгледување на таа тема и да препорача почеток на преговорите, нагласи Захариева.

Таа истакна дека Бугарија ги поддржува и двете земји.

– Ние сметаме дека ќе биде историска грешка, ако не почнат преговорите со двете земји сега, потенцираше Захариева.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести