Загрижувачко истражување: Голем број жени не знаат каде се наоаѓa вагината

Загрижувачко истражување: Голем број жени не знаат каде се наоаѓa вагината
13.05.19   11:26

Прочитано : 3,471

Print This Article

Верувале или не, половина Британки не знаат каде точно се наоѓа вагината. Барем ова го покажало истражувањето спроведено од британскиот медицински портал YouGоv. Во анкетата учествувале над 2.000 возрасни жени од Велика Британија.

Авторите на истражувањето им покажувале на жените илустрации од женски гениталии. Дури 45% од нив не знаеле да ги именуваат деловите на вагината, ниту пак да покажат каде се наоѓа органот.

Веројатно веќе не е ни чудно што повеќе од половина од жените, односно 55%, не знаеле да го покажат мочниот канал. 43% од испитаничките погрешно ги покажале срамните усни. Кога ќе се земе предвид колку жените (не) го познаваат своето тело, очекувано е мажите да покажат уште полоши резултати.

Шест од десет мажи не можеле правилно да ја лоцираат вагината. Од нив, речиси две третини, односно 61%, не биле сигурни ниту каде е, ниту пак што е мочниот канал. Речиси половина од припадниците на посилниот пол не знаеле каде се наоѓаат срамните усни на жените.

Единствениот интимен дел од женското тело што го препознале и Британците и Британките бил клиторисот – него го идентификувале 69% од мажите и 71% од жените.

  Категории: