Загина 26-годишно момче откако со своето „бмв“ излетало од автопат

Загина 26-годишно момче откако со своето „бмв“ излетало од автопат
16.08.19   10:28

Прочитано : 698

Print This Article

Синоќа после 22 часот, 26-годишно момче загинало во сообраќајна незгода, откако со својот автомобил излетал од автопатот Гостивар-Тетово

„На 15.08.2019 во 22,40 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово после „Неготинска петла“, Б.Ј.(26) од с.Топлица-о.Врапчиште, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од МВР.

  Категории: