Број на објавени текстови денеска: 130

Заев за средбата со Бик Мајк: Ништо не криеме, целта на средбата е медицинска употреба на маслото од канабис и зајакнување правото на извоз

Заев за средбата со Бик Мајк: Ништо не криеме, целта на средбата е медицинска употреба на маслото од канабис и зајакнување правото на извоз
11.09.19   12:16

Прочитано : 217

Print This Article

Многу реакции на социјалните мрежи предизвика средбата на премиерот Зоран Заев со Мајкл Штрауметис, познат како Биг Мајк, светски претприемач во полето на одгледување на канабис.

Заев порача дека целта на средбата е медицинска употреба на маслото од канабис и да се зајакне правото на извоз.

„Ние не ги соопштуваме сите средби. Јас седев до човекот, немаме дилеми и ништо не криеме. Целта беше медицинско масло од канабис и да го зајакнеме правото на извоз, тоа да се користи за медицински употреби. Господинот Биг Мајк побара средба, поради тоа што постои во Македонија може да се помогне во неговиот пласман. Не сме имала што да криеме. Ќе работиме понатаму во се, за интерес на државата. Тоа за нас се нови работни места“, истакна Заев.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести