Заев: Со Беџети зборував за шпекулациите дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет

Заев: Со Беџети зборував за шпекулациите дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет
13.08.19   18:09

Прочитано : 2,183

Print This Article

Премиерот Зоран Заев преку фејсбук реагираше на коментарот на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, според кој  Заев му вршел притисок за да влијае врз одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд.

-Со Беџети зборував по повод шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет.

Ме интересираше дали има вистина во тоа и му укажав дека не е умесно такво однесување, доколку постои. Секој треба да ја понесе својата одговорност согласно закон, без оглед на функцијата која ја врши. Тоа му го кажав на Беџети, тоа го кажувам и јавно – напиша Заев на фејсбук.

 

 

  Категории: