Заев се уште верува во договор со ВМРО-ДПМНЕ за иднината на СЈО

Заев се уште верува во договор со ВМРО-ДПМНЕ за иднината на СЈО
25.03.19   17:41

Прочитано : 105

Print This Article

Премиерот Зоран Заев не верува дека се пропаднати разговорите за законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО со најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека низ разговори може да се дојде до решение зад кое би застанале сите и дека до крајот на месецов може да се затвори ова прашање. Од денеска, како што најави, почнуваат разговори и со помалите политички партии и помалите парламентарни групи.

-Ова е еден од најважните закони во правосудството. Министерството за правда денеска почнува разговори со помалите политички партии и помалите парламентарни групи. Не верувам дека се пропаднати разговорите и со најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Заев одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на трибината во Куманово.

Прашан дали очекува до 1 април да биде донесен законот, Заев одговори дека доколку се направат напори тоа е можно.

– Мислам дека има време, иако Парламентот не работи за да не даде политички алатки на политичарите и на пратениците да се злоупотеби заради кампања, тогаш може да се свика седница во април. Не би сакал оваа тема да се злоупотреби во кампањата. Добро би било да го затвориме ова прашање пред кампањата, изјави премиерот.

Прашан кои од условите на опозициската работна група се прифатливи, Заев рече дека за него е прифатливо се што е уставно возможно, тоа што е прифатливо за граѓаните, што е во духот на Венецијанската комисија, во духот на реформите и на стратегијата во правосудството. За тоа, посочи, се залагаме и ние како држава, но и нашите европски партнери. Појасни дека принципите за кои се залагааат веќе се прифатени или имплементирани во нашето законодавство, дел од претходната, а дел од оваа власт.

– Верувам дека е можно сите заедно да застанеме зад едно квалитетно решение со кое ќе овозможиме прво ние политичките чинители да имаме доверба, а секако и граѓаните, бидејќи ќе има сериозен импакт во делот на борбата против криминалот, корупцијата, но и средување на правните норми во земјава, изјави премиерот Зоран Заев во Куманово.

  Категории: