Заев се слушна со Хан: Да нема одлагање за „Рекет”, но и за предметите на СЈО

Заев се слушна со Хан: Да нема одлагање за „Рекет”, но и за предметите на СЈО
13.08.19   18:48

Прочитано : 561

Print This Article

Премиерот Зоран Заев попладнево телефонски се слушнал со еврокомесарот Јоханес Хан, соопшти владината прес-служба.

Заев и Хан се согласиле дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото.

„Во текот на разговорот премиерот Заев го информираше еврокомесарот Хан за напорите и мерките кои Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“. Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата“, се вели во соопштението од Владата.

Премиерот Заев и комесарот Хан, заклучиле дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година.

  Категории: