Заев потврди - Нина Ангеловска од Групер ќе биде предлог за нова министерка за финансии

Заев потврди - Нина Ангеловска од Групер ќе биде предлог за нова министерка за финансии

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиуми вечерва потврди дека Централниот одбор на СДСМ, на денешната седница, ја утврдил Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, за кандидат за нов министер за финансии.

Заев рече дека утре Ангеловска ќе ја достави како предлог до Собранието. Таа доаѓа на местото на Драган Тевдовски.

Како што кажа Заев, ова треба да биде показател дека младите треба да останат во Северна Македонија и да се трудат и да работат, па ништо не е недостижно, па така и највисоките функции.