Заев не оди на лидерска кај Иванов

Заев не оди на лидерска кај Иванов
28.04.17   15:51

Прочитано : 910

Print This Article

Претседателот на СДСМ Зоран Заев  денеска на прес-конференција рече дека „по изборот на претседател на Собранието ќе продолжат демократските процеси и оти Македонија ќе има влада“.

– Тоа што го очекувам е предавање на кабинетот на  новиот претседател на Собранието на РМ, испраќањето писмо до Ѓорге Иванов во рок од десет дена, а се надевам во рок од два-три дена да биде доделен мандатот за формирање влада, да се стават институциите под контрола и Македонија да тргне напред,  рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, во сила е одлуката која е донесена во Собранието, 67 од 120 пратеници учествувале во процедурата, а 61 гласале за Џафери, кој јавно ја дал изјавата и процедурата била соопштена согалсно Деловник. – Апсолутно не очекувам никави пречки на примопредавањето на водењето на Парламентот  од претседавачот Трајко Вељановски на претседателот на   Собранието Талат Џафери, наведе Заев.

Тој рече дека апсолутно не размислува да оди на лидерска средба кај претседателот на државата затоа што, како што потенцира, Ѓорге Иванов  е дел од кризата и не може да биде решение.

– Насилството што се случи вчера не е демократска вредност и е поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељановски, Митко Чавков и група нивни  соработници, рече Заев.

Во  периодот што следи, додаде, мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и како држава и да застнеме зад вистинските демократски вредности и да не потпаднеме под провокациите кои имаат цел поделба, раздор и изолација на Македонија.

– Мудро ги водевме процесите. Направен е првиот чекор кон нивна реализација, истакна претседателот на СДСМ. Заедно сме, потенцира, и граѓаните, и САД, ЕУ, НАТО – целата меѓународна заедница, во нас го гледаат моторот на мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на Република Македонија и на регионот.

Сега, рече Заев, треба да демонстрираме свест и совест, сите да останеме присебни и разумни, апелирајќи до сите вработени во институциите да ја извршуваат својата улога согласно Устав и законските  наделжности.

Прашан за отсуството на Али Ахмети во Собранието, Заев одговори дека тоа било осмислено и со причина. – Причината претпоставувам дека самите можете да ја извлечете со анализа. Тоа беше координирано и договорено, со намера да не биде присутен таму, рече Зоран Заев.

  Категории: