Заев на роденденот на ЛГБТИ центарот за поддршка: Демократијата ја развиваме преку надминување на предрасудите“ -

Заев на роденденот на ЛГБТИ центарот за поддршка: Демократијата ја развиваме преку надминување на предрасудите“ -

„Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш. Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐсамите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасуди и стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро. Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐза да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија“, рече премерот Зоран Заев на вчерашната прослава на петтиот роденден на ЛГТИ центарот за поддршка.

Во својот говор Заев најави нов Закон за заштита од дискриминација, изнесување пред лицето на правдата на виновниците за инцидентите и нападот на центарот,

Премиерот Заев ја уплати и првата донација во Сигурна куќа за заштита и згрижување на лицата на кои им е потребна помош, а останале без работа или дом поради својата сексуална ориентација.

Ова е првпат во историјата на Македонија, еден премиер да присуствува на ваков настан и отворено да даде поддршка на ЛГБТИ заедницата. Досега тие бие шиканирани од власта, дискириминирани, напаѓани, навредувани и никој за тоа не одговараше.

„Ова е прв роденден во слобода! Бевме напаѓани, навредувани, но за тоа никој не одговараше“, рече Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ нагласи дека досега се одржани над 150 јавни настани, околу 50 луѓе добиле психо-социјална помош, а сите овие работи се правени во време на режим во кој беа напаѓани.

„Преживеавме, направивме четири кампањи на локално ниво во режим што не напаѓаше. Двапати бевме цел на напади и тоа токму на нашите родендени“, изјави Андоновски.

повеќе тука