Заев: Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите

Заев: Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите
13.06.19   13:17

Прочитано : 388

Print This Article

Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година, напиша на својот профил на „фејсбук“ премиерот Зоран Заев.

Во текстот се додава:

Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.