Заев: Ќе ја отстраниме Ременски од функциите во партијата

Заев: Ќе ја отстраниме Ременски од функциите во партијата
9.10.19   14:49

Прочитано : 5,801

Print This Article

Стоиме на своите ставови и ќе го отстраниме функционерот од сите обврски во партијата, рече премиерот Зоран Заев по информацијата дека новоосомничена во аферата „Рекет“ е потпретседалката на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.

– Стоиме на звборот. Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинето ние ги применуваме санкциите, односно ќе го отстраниме од функциите во партијата. Тоа ќе ги примениме во овој случај – рече Заев.

Тој додаде дека кога влегол во прес-салата добил информација за последната изјава на јавниот обвинител, но не ги знае деталите и најави конкретен став за утре.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести