За опозицијата писмото на Макрон до Французите е „голема диверзија“

За опозицијата писмото на Макрон до Французите е „голема диверзија“
14.01.19   12:57

Прочитано : 80

Print This Article

Франуската опозција жестоко реагираше на писмото на шефот на државата до Франнцузите, во кое вети дека „гневот ќе го претвори во решенија”, во пресрет на „големата национална дебата“ за излез од кризата со протестите на „жолтите елеци“, што зачпочнува утре, јави дописникот на МИА.

Првиот секретар на опозициската Социјалистичка партија, Оливие Фор, во објава на Твитер оцени дека некои прашања, особено  во областа на даноците, не можат да се решат. – Ние не ги повикуваме сите Французи на дебатата, со тоа што им забрануваат да зборуваат на пример за данокот за богатството. Заклучоците мора да бидат оние на Французите, а не оние што веќе ги предвидел претседателот на Републиката, смета Фор.

За социјалистичкиот пратеник, Борис Валао, „сè е во дебата, Законот од 1905 година (за секуларизмот), Уставот, солидарноста произлезена од Националниот совет за отпор, имиграцијата“. – Сè. Освен тоа што е направено за последните 20 месеци, вклучувајќи го и данокот ма богатство. Ви благодариме Емануел Макрон за вашите прашања. Французите ќе ги имаат своите прашања, оцени Валао.

Лидерот на левичарската партија Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон на Твитер ја осуди „големата диверзија“ и „пренасочување“ на Макрон. – Ја продолжуваме претседателската дебата, но Владата ги направи веќе заклучоците. Потсетување: по Дебатата и онаа за Европа, нема резултат. Дали Франција на Mакрон е осудена на празни разговори?, оцени Меланшон.

Лидерот на опозициската конзервативна партија Републиканци, Лоран Вокие, од своја страна го осуди ризикот од „нешто вештачко и сурово“. – Претседателот мора да го поврати чувство на одговорност, да ги прекине провокациите и конечно да ги почитува Французите и длабоко да ја промени својата политика, оцени Вокие.

Пратеникот на Републиканците, Ерик Чиоти смета дека „како и секогаш со Емануел Maкрон“, имало „многу неизвесност, но за многу малку нешта“. – Шупливо писмо кое не обезбедува конкретно решение за народниот гнев. Французите не сакаат прашања, туку решенија, навед Чиоти.

Потпретседателот на партијата Ажир, Фредерик Лефевр, ја поздрави на Твитер „отворената и без табу предложена дебата на народот од Емануел Макрон во долгото и искрено писмо до Французите“.

Претседател на десничарската партија Исправена Франција, Никола Дупонт Ењан, смета дека Макрон „само се обидува да добие на време“. – Единствена голема дебата е референдум за конкретни одлуки. Доволно е со бла бла!, ијзави Ењан.

Претседател на партијата Патриоти, Флоријан Филип смета дека писмото до Французите е „исклучително долго, неразбирливо и пред се со затворени и ориентирани прашања“, а „основните теми се отсутни“, посебно што нема „ништо за ЕУ!“.

Генералниот секретар на синдикатот ЦФДТ, Лорен Бержер, побара од Владата „многу брзо” да каже во кои услови ќе ја организира големата национална дебата и особено како ќе бидат „спроведени заклучоците“. За првиот човек на најумерениот француски синдикат, неопходно е на крајот од дебатата „организациите на синдикатите, работодавачите, здруженијата на граѓаните да организираат еден вид расправа на која сите заедно ќе дебатираат за сите прашања отворени на јавната дебата, иако на крајот Владата е таа која ќе одлучи“.

Еден од водечките членови на владиното мнозинството, Жил Ле Жандр на својот профил на Твитер објави дека мнозинството во писмото на Емануел Macron го препознаваат целосно претседателот, „кој ги поставува вистинските прашања и ги става вистинските влогови на маса: социјалната економија, демократијата на нашата земја, искрено, покривајќи широк спектар на теми кои ќе завршат со суштински реформи“.

  Категории: