Вук Радовиќ нов извршен директор на ОКТА

Вук Радовиќ нов извршен директор на ОКТА

Компанијата за трговија, снабдување и за дистрибуција на нафтени деривати ОКТА денеска доби нов извршен директор.

Досегашниот ЦЕО и извршен член на Одборот на директори, Јанис Геруланос, кој поднесе оставка, ќе биде заменет од Вук Радовиќ на двете позиции.

ОКТА е најголем снабдувач со нафтени деривати во Македонија, која покрива 65% од потребите на пазарот преку мрежа од 27 брендирани бензински пумпи.

Радовиќ е дел од Хеленик Петролеум Групацијата од 2004 година и за овој период има работено на повеќе раководни позиции во ЕКО Србија и во ЈУГОПЕТРОЛ во Црна Гора. Тој е добар познавач на состојбите на македонскиот пазар, со оглед на тоа што во периодот од 2013 до 2016 година работеше како директор за снабдување и трговија во ОКТА.

Радовиќ го наследува Геруланос кој ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА во изминатите пет години.