Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“

Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“
20.03.19   21:50

Прочитано : 831

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Вучиќи и Дачиќи не престануваат да ги плашат Србите со некакво многу опасно „македонско сценарио“. Малку, малку, па ќе им се навртат на Македонците за да им кажат на своите домашни политички противници и критичари, кои во владеењето на Александар Вучиќ препознаваат режим, колкава Баба Рога е Македонија. „Чокалије увек сум нам ударали нож у леѓа“.

Тоа е оној познат Вучиќев стил – ти зборувам ќерко, сети се снао. Демек, Срби мои, бидете мирни и послушни, оти некој упорно работи да ни се случи Македонија, заплашува Вучиќ и веднаш ги смирува своите следбеници: „Е, мало морген, то неќе проќи док ја браним Србију“, порака со призвук на закана и заплашување, која Вучиќ редовно ја завиткува во својата популистичка обланда и ја соопштува во разни нијанси секогаш кога гаси пожари.

Некој изгледа многу моќен му шепнал на Вучиќ дека ќе заврши како Никола Груевски. Возбудата, пак, од заканите на Вучиќ во Македонија е голема колку од топењето на снегот на Шар Планина. Покрај сите големи маки што ги имаат граѓаните на Македонија таламбасите на власта од Србија служат како освежување и патоказ дека се на вистинскиот пат штом Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“.

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

  Категории: