Временска прогноза на Славчо Попоски: И понатаму уживајте во октомвриското лето

Временска прогноза на Славчо Попоски: И понатаму уживајте во октомвриското лето
11.10.18   13:31

Прочитано : 249

Print This Article

Во текот на следните денови под влијание на претежно стабилна, сува и топла воздушна маса од југ времето во државава ќе биде сончево и натпросечно топло повремено со мала до умерена локална облачност, само утре особено во јужните и во југоисточните предели во попладневните часови ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Подготви: Славчо Попоски

  Категории: