Времената мерка за книгата на Андов се враќа пред првостепениот суд

Времената мерка за книгата на Андов се враќа пред првостепениот суд
15.05.19   14:30

Прочитано : 148

Print This Article

Апелациониот суд ја укина времената мерка на Основниот суд Скопје 2 да се забрани продажбата на книгата „До атентатот и по него“, на поранешниот собраниски спикер, Стојан Андов.

По одлуката на Апелација времената мерка се враќа во првостепениот суд на повторно одлучување.

Времената мерка беше донесена по барање на тужителот, професорот Љубомир Фрчкоски со аргументи дека авторот во неа имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Фрчкоски (па и Црвенковски). Одлуката граѓанскиот суд ја донесе поради повреда на личните права на тужителот Љубомир Фрчкоски.

Адвокатот кој го застапува Фрчкоски, Ирена Фрчкоска, во изјава за Либертас, рече дека Апелациониот суд донел неоснована и неаргументирана одлука која не соодветствува со фактичката состојба.

– Повисокиот суд не посветил доволно внимание при донесување на својата одлука и не ги ценел правилно доказите во постапката. Предметот се враќа во повторена постапка пред првостепениот суд пред кој суд ке ја продолжиме постапката – изјави Фрчкоска и додаде дека нема јавно да ја коментира содржината на книгата.

-Моето гледиште ќе го аргументирам во судница – рече таа.

Адвокатот на Стојан Андов, Ѕвонко Давидовиќ во изјава за Фокус се повикува на Законот за облигациони односи и Законот за граѓанска одговорност, според кои, доколку одреден текст има клеветничка содржнина, може само да се забрани тој текст и понатаму да се објавува, но не може да се бара текстот да биде избришан.

 

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести