Врел љубовен напиток

Врел љубовен напиток

Со оваа комбинација на чоколадо, ароматични зачини, слатка павлака и млеко вашиот живот ќе стане сладок …

Потребно е:
400 мл полномасно млеко
150 г чоколадо за готвење
2 кесички ванилин шеќер
1 стапче цимет
1 чили (луто) пиперче
2 лажичиња кафеав шеќер
100 мл слатка павлака
1 лажица амарето ликер
2 лажици рендано чоколадо

Подготовка:
– Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили пиперчето. Загрејте го до вриење.

– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.

– Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напитокот ставете го да се вари до вриење.

– Напитокот распоредете го во чаши и пред да го послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.

– На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.