Вработени во затворот во Шутка потпишуваат петиција за останување на Котевски на местото директор

Вработени во затворот во Шутка потпишуваат петиција за останување на Котевски на местото директор

Вработените во КПУ Скопје изготвиле и потпишуваат петиција за поддршка на актуелниот директор Котевски и негово останување на сегашната позиција. Петицијата ќе биде објавена веднаш по добивањето, пренесе 1ТВ.

Денеска, директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните физички инциденти во кои учествуваа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се во притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017. Додаде дека оставката ќе ја поднесе кога ќе заврши истрагата.

-Јас сум одговорен човек, професионалец, посветен на службата и кога службата ќе потрфли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка, изјави Котевски денеска пред затворот во Шутка.