Вработена во МВР: Мунир Пепиќ ми рече да примам барања за државјанство преку посредник

Вработена во МВР: Мунир Пепиќ ми рече да примам барања за државјанство преку посредник
8.11.19   14:12

Прочитано : 325

Print This Article

Пензионерка која работела во МВР, денеска во Кривичниот суд сведочеше за изборните нерегуларности во случајот „Титаник“.

Виолета Димитриевска работела во одделението за добивање матични броеви и државјанства и раскажа за тоа дека во периодот од април 2014 до април 2015 била заобиколувана процедурата.

– И јас направив исклучок по известување од Мунир Пепиќ, кој работеше во истиот објек, но под Министерството за правда, дојде и ми рече дека се враќа откај мојата началничка Надица Велевска која му кажала да примам барања од лица кои живеат во Брод и Драгаш, Косово, а кои што исполнуваат услов за државјанство, но нема да доаѓаат лично, поради лоша материјална состојба, туку имаат свој претставник кој ќе ги носи барањата, а јас да ги примам. По тоа што ми го кажа се качив кај началничката и кога ја прашав за што станува збор ми рече „што да ти кажам, што да ти речам – сведочеше пензионерката.

  Категории: