"Враќање дома", нова драма на Томислав Османли, објавена во Балкански књижени гласник

"Враќање дома", нова драма на Томислав Османли, објавена во Балкански књижени гласник

Во најновиот, 40-ти врој на реномираното литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли насловен „Враќање дома“. Пиесата се однесува на траумите на една современа галерија ликови, наши современици од две спротивставени генерации, кои ги жи­веат своите делби, сонот за богатство, носталгии, острас­тените поли­тизации, социјални трауми, политички фрус­трации, и во еден дел – реализираните желби за заминување од тука, од овој или од некој друг град, додека повеќето остануваат заглавени на истото место, во едно от­ту­ѓено меѓу-време.Во сценскит слики кои авторот на „Враќање дома“ ги гради, како во воз кој стои во место, додека, пара­док­сално, покрај него врви „желез­ничкиот пејзаж“ на животот – на некој друг воз во забрзано движење.

„Балкански књижевни гласник“ е списание формирано пред петнаесет години, кое ја афирмира литературата и уметноста на автори од балканските простори и објавува оригинални прозни, драмски, поетски есеистички творби, прикази и интервјуи. Негов основач и главен уредник е писателот Душан Гојков. Списанието, покрај во електронска, се публикуваше и вопечатена форма. Сега се појавува како интернет публикација за литература, култура и уметност.
Пиесата „Враќање дома“ која сега се објавува во „Балкански књижевни гланик“, пред неколку месеци беше објавена во книгата со две „Нови драми“ на Т. Османли, во издание на ВиГ „Зеница“ од Скопје, која неодамна, проследена со врвните оценки на истакнатите писатели и критичари акад.Ферид Мухиќ, Ристо Лазаров и Глигор Стојковси, ја имаше својата промоција во Салонот 19,19.


Овој драмскиот текст се движи помеѓу нос­талгијата, чувството на горчина од новите времиња на лични и на социјални изневери. Иако е поставен среде скопски теми, мотиви, дијалект и носталгична чувственост, тој развива општи, дури универзали видувања. Драм­скиот текст „Враќање дома“ ги носи значењата на разјадената љу­бов и солидарност, и на одвеаната нежност на раз­валеното традиционално семејсто; и воедно, критика во однос на заборавот на старото време и вредности, и на немоќта и индолетноста кон по­добрувањата во новото време – и едното и дру­гото, како наши актуелни одлики и одредници во драмата која ја живееме сега и тука, дома.

„Дома не е место. Дома е чувство. И сеќавање. Ако забораваш, немаш каде да се вратиш.“ – истакнува Томислав Османли во предговорот за неговиот драмскиот текст сега објавен и во белградскиот „Балкански књижевни гласник“.