Возилото со кое била ограбена банката во Бутел најдено запалено во близина на гробиштата

Возилото со кое била ограбена банката во Бутел најдено запалено во близина на гробиштата
15.04.19   13:35

Прочитано : 736

Print This Article
Zapalen golf

Во близина на реката Серава, неофицијално, е пронајдено запалено возилото со кое утринава беше извршен грабежот во филијалата на Тутунска банка во Чаир.

Според непотврдени информации возилото било опожарено и оставено во близина на гробиштата во Бутел. Полицијата сѐ уште трага по сторителите. Се претпоставува дека станува збор за четири лица.

Од МВР претходно информираа дека кражбата се случила утринава во 10.30 часот. Неколку лица влегле во банката на ул.Ферид Бајрам и одзеле пари.

„Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници“, соопштија од МВР.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести