Вооружен инцидент во скопско Бутел, било пукано со автоматско оружје од возила

Вооружен инцидент во скопско Бутел, било пукано со автоматско оружје од возила

Во полициска станица денеска во 17.47 часот О.И. пријавил дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, кај новиот дел после надвозникот од десна страна, од две патнички моторни возила во негов правец било пукано со автоматско оружје.Во инцидентот нема повредени.

Од МВР за МИА информираат дека О.И. посочил дека препознал дел од напаѓачите.

Инаку, било пукано од „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди 4“ црна боја, од страна на неколку лица.

МВР работи на расчистување на случајот.