Војната продолжува – Анима Мунди до Мелита: Како се чувствуваш кога ќе се погледнеш во огледало?!

Војната продолжува – Анима Мунди до Мелита: Како се чувствуваш кога ќе се погледнеш во огледало?!
27.01.16   13:15

Прочитано : 3,820

Print This Article

Од Здружение за заштита на животни „Анима Мунди” реагираа на вчерашната изјава на Мелита дадена за Либертас во текстот со наслов „Мелита им врати на “ Анима Мунди“- “Не сум лицемерна, брзо заборавивте што се имам направено за животните“.

Реакцијата на „Анима Мунди“ ви ја пренесуваме во целост:

anima mundi

Носењето крзно не е показател на добриот вкус, стил, елеганција, гламур или припадност на високото друштво, туку невкусно и срамно китење со туѓо крзно и кожа. Носењето крзно укажува на недостаток на емпатија за повеќе од 75 милиони животни, колку што се убиени секоја година заради нивното крзно.

Потсети се – за само еден капут од животинско крзо се убиваат: 24 мачки, 15 кучиња, 10-24 лисици, 16-20 дабари, 20-30 ракуни, 26-34 нутрии, 40-60 куни златици, 60-80 самури, 100-400 верверици, 180-240 хермелини, 200-250 чинчили.

Да точно е, токму толку, и да Мелита, не ги убиваш ти, ги убива некој таму далеку од твоите очи во твое име и за твоите пари. За профит. За ужасните маки подеднакво се одговорни и убијците, промотерите и оние што носат крзно и кожа.

Секоја чест за твоите залагања и помош на бездомни животни, но токму тука е и лицемерноста и иронијата. Едните ги спасуваш за другите порачуваш смрт, а лажеш дека се бориш во нивно име.

Во однос на прашањата кои ни ги постави ќе ти одговориме, Анима Мунди е здружение за заштита на животните а не на милениците, а тоа самото по себе подразбира дека не носиме крзно, кожа или било какви продукти од животни. Не јадеме месо ниту било какви други продукти од животни. Не профитираме од продажба на миленици, ниту вршиме било каква трговија со истите. Немаме ни кожни ремени, ни кожи чанти, кревети. Идеолошки сме потковани, етички сме исправни, хумани, цврсти во своите ставови и убедувања. Ние сме убедени дека можеме да направиме и правиме промена, за разлика од тебе. Кога не би биле убедени, барем за тоа не би се дрзнале да го лажеме светот.

За крај ќе го цитираме твојот текст упатен на Ребека, во однос на носењето крзно.„ Ме буни нејзината нехуманост. Жал ми е што е така. Јас лично се чувствувам непријатно кога ја гледам во сето тоа природно крзно на неа. ” .

Те прашуваме сега како се чувствуваш кога во огледало ќе се погледнеш себеси.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести