Во врска со мојот потпис на писмото за МКЦ

Во врска со мојот потпис на писмото за МКЦ
21.06.19   20:06

Прочитано : 4,957

Print This Article

1. Писмото петиција за МКЦ не сум го потпишал. Причини: Мислам дека е адресирно на погрешна адреса, не ми се допаѓа општиот тон и мислам дека проблемите не се решаваат со петиции. МКЦ е градска институција и градот треба да се избори да избере најдобар кадар за неа. Лично сметам дека МКЦ во моментов е можеби најдинамичната културна институција во Скопје.

2. Мојот потпис не е фалсификуван, се работи за недоразбирање во комуникацијата со организаторите на петицијата. Мирко Попов го ценам особено и сигурен сум дека тој не би го фалсификувал мојот потпис. Моето име е повлечено од списокот.
3. Верувам дека е најдобро да се остави на Управниот одбор на МКЦ да го истера конкурсот до крај, па понатаму ќе видиме што е точно неопходно да се направи. Превентивните акции кои се базираат на несигурни информации не ми се блиски.

Слободан Унковски

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести