Во Велес до крајот на годинава треба се отвори Шелтер центар за жртви на семејно насилство

Во Велес до крајот на годинава треба се отвори Шелтер центар за жртви на семејно насилство
24.06.19   19:03

Прочитано : 87

Print This Article

Трибина за состојбите со жртвите на семејно насилство и можноста за отворање на Шелтер центар за згрижување на овие лица се одржа денеска во Велес, во организација на Асоцијацијата за здраствена едукација и истражување ХЕРА и Министерството за труд и социјална политика.

На трибината учество земаа претставници на Центрите за социјална работа и Организацијата на жени Велес,претствници од девет општини од Вардарскиот плански регион и Советот на Општина Велес.

Маја Белшиќевска од ХЕРА ја претстави состојбата и предизвиците за обезбедување на специјализирани услуги на жртви на семејно насилство во Општина Велес. Воедно таа ги промовира и наодите од Методологијата за утврдување на трошоците за специјализираните услуги за жени жртви на насилство и на семејно насилство, дефинирање на цените и проценка на цените за шест услуги.

Јована Тренчевска државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, го презентираше начинот на имплементација на Истанбулската конвенција, преку која се воспоставуваат специјализирани сервиси за жени и жртви на насилство и семејно насилство.

-Задоволни сме од досегашната соработка со општина Велес и доколку таа ја подржи оваа иницијатива со обезбедување на простор, има можност до крајот на годинава во Велес да биде отворен Шелтер центар за жртви на семејно насилно, најави Тренчевска.

  Категории: