Во Тетово пуштена во употреба филтер станица од новиот систем за водоснабдување

Во Тетово пуштена во употреба филтер станица од новиот систем за водоснабдување
14.09.17   15:47

Прочитано : 113

Print This Article

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска симболично ја стави во употреба филтер станицата од новиот систем за водоснабдување на Тетово. Таа посочи дека од синоќа по завршувањето на сите технички и здравствени процедури започнале со пуштање на околу 50 литри вода од секунда во системот и оти постепено ќе се продолжи во следните денови до максималната дополнителна количина на вода од дветсе литри вода во секунда колку што обезбедува новиот водовод.

– Во изминатиот период најпрвин дваесеттина денови траеја тестирањата на опремата од страна на странскиот изведувач на опремата за филтер станица а потоа десеттина денови чекавме потврда од Центарот за јавно здравје дека водата ги задоволува стандардите за користење. Со денешното ставање во употреба на новиот водовод конечно по давесет години завршува оваа приказна околу водоснабдувањето на Тетово, рече Арифи.

Според Арифи за завршување на целиот водоводен систем биле потрошени вкупно 4,2 милиони евра од кои 2,2 милиони за нешто над девет километри водоводен цевковод средства од државниот буџет а реализирани преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Филтер станицата чини околу два милиони евра од кои 1,2 милиони се кредит од Европската банка за обнова и развој што се реализираа преку Министерството за транспорт и врски, а општина тетово учествувала со околу 800 илјади евра.

Во следниот период ќе се подотвуваат соодветни решенија и за обнова на водоводната мрежа низ градот бидејќи има многу загуби на водата за пиење низ системот, а следната година ќе започне и реализацијата на проектот за пречистителна станица за отпадните води што е финансиран преку ИПА фондовите на ЕУ и чини околу 30 милиони евра најави Арифи.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести