Во Охрид поставен Гинисовиот казан – градот, покрај рибна чорба, чести и бесплатно паркирање

Во Охрид поставен Гинисовиот казан – градот, покрај рибна чорба, чести и бесплатно паркирање
18.01.19   13:00

Прочитано : 316

Print This Article

Ден пред празникот Богојавление Водици, организаторите соопштија дека е се подготвено за утрешниот спектакл поврзан со фрлањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Уште и дека, во чест на празникот, гостите и домаќините ги честат со бесплатен паркинг на сите простори со кои стопанисува јавното претпријатие „Билјанини извори“.

-Подарокот е во духот на овој празник, додека одлуката е донесена како почит кон една од најголемите и најмасовни црковно-народни манифестации Богојавление – Водици, соопштија од ЈП од каде им го честита празникот на сите православни верници.

Денеска православните верници го празнуваат Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост односно пост на вода.

Празникот Водици се празнува два дена. Првиот ден – 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари е познат како Собир на Свети Јован Крстител, а уште се вика и Женски Водици. Вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител, именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

Во меѓувреме, пристигна казанот, со кој охриѓани го бркаат Гинисовиот рекорд. Поставен е на платото кај поранешната Библиотека, каде на Денот на рибарите, ќе се приготвува традиционалната повеќетонска рибна чорба.

За подготовката се задолжени учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, а за овој ден е предвидена и забавна програма.

Освен за присутните граѓани, тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибната чорба на семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои нема да бидат во можност да присуствуваат на овој настан.

На 20-ти јануари, на празникот Свети Јован Крстител традиционално се одбележува Денот на рибарите, кога рибарите се капеле на овој ден за здравје, да ја покажат нивната поврзаност со езерото и да имаат успешна година со полни мрежи риба.

Од Црвениот крст излегоа со апел и предупредување за внимателност. Ќе се скока во досега една од најладните води, од само 6,5 степени целзиусови и дневна температура не повисока од 4 степени.

Црвениот крст од Охрид, во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност.

Денес, од 19-23 чaсот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“, медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.

Традиционалната крводарителска акција „Водици 2019“ под мотото  „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19-ти јануари, сабота, од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Од Црвениот крст ги повикааа охригани и и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот во соработка со Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст.

Утре сабајле, на чинот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокањето по Светиот крст на Градското пристаниште во Охрид, Црвениот крст ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 4 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште, 2 тима на спасители на вода во два спасителни чамци и 4 нуркачки тимови, како и со 7 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило.

На денот на рибарите на 20-ти јануари, недела, тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

В.М.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести