Во јуни прва пленарна седница на Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција

Во јуни прва пленарна седница на Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција
16.05.19   15:20

Прочитано : 49

Print This Article

 Иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донесовме заклучок и ги поставивме политичките основи за одржување на првата пленарна седница на Групата во јуни годинава.

Ова се наведува во заедничката изјава по средбата меѓу државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, Виктор Димовски, и генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, Јоанис Брахос, одржана денеска во Солун.

Во заедничката изјава на Димовски и Брахос, како што соопшти МНР, стои дека во тој контекст, беа потпишани и упатени писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) со кои истите беа поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа. 

– Ваквиот цврст чекор кој е неразделно поврзан со институционализираниот дијалог меѓу деловните заедници на нашите две земји претставува опиплив доказ за нашата целосна посветеност на Преспанскиот договор, како и за нашите продолжени напори во насока на продлабочување на соработката во интерес како на развојот на билатералните односи, така и на регионот во целост, се посочува во заедничката изјава на генералниот секретар на МНР на Северна Македонија Димовски и генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, Брахос.

 

  Категории: