Во физичка пресметка во Тетово 15-годишник прободен со нож

Во физичка пресметка во Тетово 15-годишник прободен со нож

Петнаесетгодишен малолетник од Тетово е прободен со остар предмет од друг 16-годишен малолетник од Мала Речица синоќа по претходна расправија, а потоа и фисичка пресметка.

Министерството за внатрешни работи сооптши дека синоќа во 19,05 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ во билијард клуб 16-годишен малолетник од село Мала Речица, Тетово, по претходна расправија, а потоа и физичка пресметка со остар предмет му нанел убодна рана на 15-годишен малолетник од Тетово. Повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.

Осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.